| четврток, 6 декември 2018 |

Реновирана Спомен-куќата на Страшо Пинџур во Ваташа

По иницијатива на Музеј-галеријата, а со финансиска поддршка на Министерството за култура и на Локалната самоуправа, под стручен надзор на стручните екипи на Националниот конзеравторски центар Скопје, беа извршени реставрацијата и реновирањето на Спомен-куќата на народниот херој Страшо Пинџур во селото Ваташа.

unnamed (2)

Во согласност со проектот изготвен од архитектот Гордана Белевска-Мустафа, зачуван е автентичниот изглед на куќата на овој значаен културно-историски споменик. За таа цел е извршена замена на целата покривна конструкција на куќата и на помошните простории, поставена е вертикална хидроизолација покрај темелите, малтерисани се сите ѕидови, а поставена е и метална ограда на јужната страна на дворот. Реновирањето опфати и промена на старите оштетени врати и фарбање на фасадата, како и целосно партерно уредување. Исто така, извршена е и обнова на постојаната поставка во оваа куќа-музеј како и нејзино дополнување со нови околу 40 документи.

unnamed (5)

Со ова се овозможи зачувување на автентичниот изглед на куќата на народниот херој Страшо Пинџур, која е еден од најпосетените историски споменици во општина Кавадарци. Со тоа објектот е целосно достапен за посетителите кои ќе имаат можност да се запознаат со делото на еден од најистакнатите македонски револуционери од времето на НОБ.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Спомен-куќата на народниот херој Страшо Пинџур е споменик на културата заштитена со закон. Првпат таа е адаптирана во музеј во 1958 година, а во 1976 година е целосно реновирана и по повод празникот 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кавадарци, свечено е пуштена во употреба како меморијален спомен-музеј во кој е сместена и историска поставка за животот и делото на еден од великаните на македонското револуционерно движење, Страшо Пинџур.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

unnamed

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top