| четврток, 6 декември 2018 |

Цетински: Жељко беше во право за македонската публика

По првиот солистички концерт во Скопје и исполнетата сала „Борис Трајковски“ до последно место, Тони Цетински презaдоволен замина за Хрватска. 

– Оваа вечер беше сјајна. Не знам дали ги исполнив очекувањата на публиката ,ама моите ги исполнив. Од прва до последна песна уживав на сцена. Се сетив на едни прекрасни времиња кога пеев со Тоше. Во оваа прилика сакам да и се заблагодарам на македонската публика. Имаше право Жељко кога кажа дека навистина е неверојатна. Цел концерт пееше со мене. Јас сум воодушевен – изјави Тони Цетински веднаш по завршувањето на концертот во „Борис Трајковски“.

IMG_5676

 И организаторот на концертот, „План Б“ продукција е презадоволен од овој концерт, како што велат, полн со музика, емоција, возбуда…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top