| четврток, 6 декември 2018 |

Пораснал бројот на работници во индустријата

индустрија

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври годинава во однос на  истиот период лани е зголемен за 7,9 проценти. Во  октомври годинава во однос октомври минатата година бројот на работници е зголемен за 9,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемување  на бројот на работници за 11,6 проценти во октомври има во секторот „преработувачка индустрија“ и за 1,6 проценти во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, а опаѓање за 4 проценти во секторот „рударство и вадење камен“.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во октомври годинава, во однос на октомври 2013 година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 6,8 проценти, „капитални производи“ за 114,1 процент, „трајни производи за широка потрошувачка за 6 проценти и кај „нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 проценти, а опаѓање бележи кај „енергија“ за 5 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top