| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичанец си ја киднапирал ќерката

Дваесет и седум годишниот Ѓ.И.(27) од Струмица ќе биде кривично гонет за кривичното дело одземање малолетник.

Имено, утрото на 25 ноември во 08,30 часот, во градинката „Детска радост“, пријавениот со употреба на физичка сила од поранешната сопруга насилно ја одзел нивната двегодишна ќерка, по што ја ставил во неговото патничко возило „БМВ“ и заминал во непознат правец.

Струмичанецот по завршување на бракоразводната постапка бил незадоволен од донесеното решение на Центарот за социјални работи со кое ќерката била доделена на чување на мајката.

МВР презеде мерки за пронаоѓање на пријавениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top