| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународна акција против трговија со луѓе

трговија

Припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на БиХ по налог на босанското Обвинителство извршија претрес на неколку објекти во Сански Мост, во текот на меѓународната акција која се спроведува истовремено во Германија и во Австрија поради трговија со луѓе.

Истрагата е насочена против група турски државјани кои се осомничени за трговија со луѓе и меѓународна мрежа за проституција.

Германскиот весник „Билд“ објави дека во Германија се уапсени најмалку пет лица, нагласувајќи дека во Штутгарт биле претресени неколку елитни бордели.

Во акцијата во неколку германски покраини учествуваат најмалку 800 полицајци, чија цел е да откријат меѓународен синџир на организиран криминал, поврзан со трговија на луѓе поради проституција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top