| четврток, 6 декември 2018 |

Оглас: Народна банка издава ресторан

Народна банка на Република Македонија објави оглас со кој бара заинтересирани лица за издавање под закуп на ресторанот во склоп на комплексот на НБРМ.

Површината на ресторанот е 228.01 квадрати, а се дава под закуп за период од три години од денот на склучување на договорот.

Работното време на ресторанот е од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден.

Краен рок за поднесување на пријавата и на потребните документи за закуп е до 5 декември до 12 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top