| четврток, 6 декември 2018 |

Падна цената на горивата – дизелот стигна до 60 денари

benzin

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 денaри по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Во согласност со денешната одлука, од полноќ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе биде 70 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС98 71,5 денари по литар.

Новата цена по која од полноќ ќе се точи дизел-гориво ќе изнесува 60 денари за еден литар.

Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по  48,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,153 денар за килограм и ќе изнесува 30,866 денари за килограм.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top