Кристијано Роналдо минатата година ја презеде титулата најдобар фудбалер во светот од Лајонел Меси, а сега ѕвездата на Реал Мадрид победи и во трката за најголем рекламен агент на „Фејсбук“.
Секое објавување на „Фејсбук“ на португалскиот фудбалер вреди во просек околу 143.750 долари за марката која тој ја рекламира или двапати повеќе во споредба со позициите на најдоброрангираниот, кој четири пати ја доби Златната топка, Лионел Меси , покажува истражувањето на германската консултантска компанија „Repucom “.
Секоја објава на аргентинецот Меси вреди во просек 62.500 долари, според „Repucom“.
– Фудбалерите посветуваат време на социјалните медиуми со цел склучување поголеми рекламни договори – вели Макс Барнет од „Repucom“, кој консултирал фудбалери во оваа сфера.
– Роналдо е кралот на „Фејсбук“ – вели Барнет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.