| четврток, 6 декември 2018 |

Коби со трипл-дабл за победа на Лејкерс

Во најсилната кошаркарска лига, НБА, синоќа беа одиграни осум натпревари, од кои највозбудливо беше на мечот меѓу Лејкерс – Торонто.

Публиката уживаше во шоуто на Коби Брајант, кој ги зеде работите во свои раце и му донесе победа на својот тим против Торонто со резултат 129-122. Популарната Црна Мамба го запиша 20. трипл-дабл во кариерата со 31 поен, 11 скока и 12 асистенции. Натпреварот беше решен по едно продолжение, а Коби беше најзаслужен за триумфот на „езерџиите“.

Шампионот Сан Антонио гостуваше во Бостон, а на клупата се врати и Грег Попович, кој поради мали здравствени проблеми мораше да отсуствува. Тој се врати по операцијата и продолжи да реди победи, а шампионот има сега седум во низа.

Спарси го добија мечот со резултат 89:111, а го решија во вториот дел откако првото полвреме беше нерешено. Дени Грин беше чеовекот со најмногу поени кој уфрли 18, а го следеа Диао со 15 и Данкан со 14.

Екипата на Мемфис ризлис продолжи со одличната игра и синоќа запиша уште една победа. Овој пат беа подобри од Сакраменто кингс во арената „Слип трејн“ и славеа со резултат 85-97. За Сакраменто поради болест не играше Демаркус Казанс, а тоа најмногу го искористија Марк Гасол и Зек Рендолф. Гасол натпреварот го заврши со 18 поени, 6 асистенции и 5 скока.

НБА, резултати:

Детроит – Голден стејт 93:104

Бостон – Сан Антонио 89:111

Сакраменто – Мемфис 85:97

Бруклин – Чикаго 84:102

Њујорк – Мајами 79:86

Феникс – Орландо 90:93

Лејкерс – Торонто 129:122 (ПП)

Портланд – Минесота 107:93

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top