
Полицијата во Босна и Херцеговина вчеравечер спровела голема акција за разбивање меѓународен синџир на организиран криминал и проституција, потврди обвинителството на БиХ, кое ја координирало акцијата.
Како што е објаснето, слична операција речиси истовремено е спроведена и во Германија и во Австрија. Акцијата била насочена кон откривање меѓународен синџир за организиран криминал поврзан со трговија со луѓе поради проституција и други кривични дела.
Жртвите во најголем број биле од Балканот, а, според оперативините информации, имало и малолетни лица. Истрагата била насочена кон група турски државјани осомничени за извршено кривично дело трговија со луѓе и меѓународно врбување поради проституција.
Акцијата била резултат на долга и темелна истрага на судските и полициските агенции на Германија чии обвинителите и истражители со месеци работеле заедно со колегите од ЕУ на откривање на синџирот за организиран криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Столе Стоилов, Катарина Ивановска, Ана Бунтеска , Едина Муса…се вклучија во борбата против трговија со луѓе
-
Кампања „Отворена порта“: Урнете ја призмата на оправдувањето и информирајте се за трговијата со луѓе!
-
Стјуардеса херој: Спасила 14-годишно девојче од трговци со луѓе благодарение на тајна порака
-
Стјуардеса спасила девојче од трговец со луѓе преку тајна порака


