Барселона ја победи Валенсија со 1-0 во шпанското дерби, а Серхио Бускетс погоди во последните моменти од судиското продолжение за триумф на Каталонците.
Се играше 94. минута, кога играчот за врска на Барса со силен удар ја закова топката во мрежата за голема радост на гостите. Претходно и Валенсија имаше одлична можност, но ударот на Негредо бравурозно го одбрани голманот Браво. Барселона со оваа победа држи приклучок со вечниот ривал Реал Мадрид и е на втората позиција со 31 бод, два помалку од „кралевите“.
Валенсија падна на петтата позиција со 24 бода, а пред неа се и Севилја со 26 бода и актуелниот првак Атлетико Мадрид со 31 бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија



