| четврток, 6 декември 2018 |

„Мостот на желбите“ на Велија заминува во историјата: Распишан Јавен оглас за нова патека

Министерството за транспорт и врски објави Јавен оглас за изработка на проектна документација за изградба на пешачка патека од охридскиот плоштад до црквата „Св.Јован Канео“ и поврзување со патека до плажата Лабино. Проценетата вредност на проектната документација без ДДВ е околу 19.000 евра или 1,2 милиони денари. Критериум за доделување на договор е најниската цена, а при постапката ќе се користи електронска аукција. Крајниот рок за доставување на понудите е 17-ти декември 2014 година до 10 часот, кога ќе се одржи и јавното отворање на истите. Во огласот пишува дека Период на важност на понудата е 90 денови или до 17-ти март 2015 година.

На ова место моментално се наоѓа „Мостот на желбите“, кој пред неколку години го финансираше бизнисменот Велија Рамковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top