Вечерва во Малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи трибина на тема: „Влијанието на кумановскиот дијалект во формирањето на македонскиот литературен јазик“.
На трибината, која ќе почне во 19 часот, ќе се говори за кумановскиот дијалект како составен дел од македонските дијалекти, кој со своите специфични особености и црти има извршено влијание врз формирањето на стандардниот македонски јазик, бидејќи и Блаже Конески се залагаше за вклучување на лексиката од повеќето македонски дијалекти при формирањето на современиот стандарден јазик, а сето тоа надополнето со извадоци од делото „Бегалка“.
Предавач е Слаѓан Спасовски – магистранд на Филолошкиот факултет, на Катедрата за македонски јазик, лектор на македонски јазик и професор по македонски јазик во ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Куманово.
Настанот е во организација на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.