| четврток, 6 декември 2018 |

Тетекс го фати последниот воз во 2014 и ја прокнижи првата победа

Тетекс го фати последниот воз за победа во новата сезона и во циклусот натпревари во 2014 година и со сензационален триумф го кутна фаворитот Металург на колена. Тетовци славеа на гостувањето во Скопје со 2-0 и ја забележаа првата победа по 17 кола во домашното првенство. Есенскиотр дел од шампионатот сепак ќе го завршат како последнопласирани со само 6 бода.

Шкендија со 5-0 го демолираше Пелистер во Тетово, а во останатите два меча попладнево немаше победник. Брегалница и Силекс одиграа нерешено, 1-1, а Турново и Ренова ремизираа без голови.

Од 17 часот ќе се игра дербито на полусезоната меѓу Вардар и Работнички.

Rabotnicki-Teteks-copy

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top