| четврток, 6 декември 2018 |

Голем интерес за вработување во МВР, за 400 места пријавени 3.273 кандидати

мвр

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска присуствуваше на физичките проверки на пријавените кандидати во Центарот за обука во Идризово.

мвр 2

-Ова е трет конкурс кој се спроведува на овој начин, што значи дека процесот на селекција во однос на она што било во некои минати времиња е сосема променет и се состои од неколку последователни елиминациони фази. Кандидатите кои ќе ја поминат соодветната фаза, единствено тие имаат можност да одат во наредната фаза се до последната, каде што се врши финалната селекција. Инаку, и на овој конкурс останува големиот интерес за вработување во МВР. Очекуваме овој пат да направиме една квалитетна селекција, односно да ги избереме оние што навистина отскокнуваат по однос на квалитетот во однос на другите пријавени кандидати – истакна Јанкулоска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top