| четврток, 6 декември 2018 |

Камиони руска хуманитарна помош за Источна Украина

donjeck

Камиони на руското Министерство за вонредни ситуации денеска доставија хуманитарна помош за проруските региони во Источна Украина, соопшти рускиот претставник за вонредна состојба Олег Воронов.

– Над 40 товарни камиони пристигнаа во Луганск. Тие доставија над 400 тони хуманитарни стоки, претежно градежни материјали и прехранбени продукти, изјави тој.

Околу 60 камиони доставија над 800 тони помош во Доњецк. Хуманитарната помош во најголем дел се состои од градежни материјали и прехрабнени продукти, како и стоки, неопходни за работа на објекти од општествено значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top