Птичји грип е откриен на уште една живинарска фарма во Холандија, што е четврт случај во изминатите неколку недели, соопшти холандското министерство за економија.
Во соопштението на министерството се наведува дека се уништени 28.000 пилиња на живинарска фарма, како и дека станува збор на ист тип на инфекција со птичји грип Н5, пронајден на живинарски фарми низ Европа и Азија во изминатите неколку месеци.
Холандското министерство наведува дека се воведени забрани за превоз на живина и дека се врши инспекциски надзор во уште четири фарми во околината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



