
Навивачите на Атлетико и Депортиво Ла Коруња утрово се судриле во Мадрид. Според информациите во шпанските медиуми, 12 навивачи биле повредени од кои еден се здобил со посериозни повреди откако бил претепан и фрлен во река. Бил извлечен од реката, доживеал клиничка смрт пред да биде донесен во болница, но брзата интервенција на докторите му го спасила животот. Тој имал сериозни повреди на главата и хипотермија. Од останатите 11 повредени навивачи, тројца имале убодни рани. Засега нема повеќе информации колку навивачи и од која страна се приведени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)
-
Се шегуваа, па ги преминаа сите граници: Еве како француската новинарка се справи со фановите на Барселона (Видео)


