| четврток, 6 декември 2018 |

Бекам и синот повредени во сообраќајка

bekam

Фудбалерот Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин се полесно повредени по сообраќајната несреќа што се случи во Лондон. Според Дејли Телеграф Бекам го зел синот Бруклин од фудубалскиот камп во Лондон Колнеј Хертфордшер, каде Бекам јуниор, кој игра за Арсенал, имал натпревар во младите категории (до 16 години) против Брајтон. По ова влегол во своето„ауди“, а набргу се судриле со друг автомобил. Поголема трагедија била спречена поради активирањето на воздушните перничиња. 

Извор близок до семејството изјавил дека двајцата биле во шок, по што со друг автомобил биле пренесени во болница. Според  присутните деца Бекам се здобил со модринки на лицето и повреда на рамото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top