| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пораз за МЗТ во АБА лигата

Kosarka MZT Zadar 08 (Custom)
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа седмиот пораз во АБА лигата откако синоќа на гостувањето во Љубљана загубија од Олимпија со 69:56 (18:14,13:16,19:11,19:15).
По изедначеното прво полувреме (31:30) кошаркарите на Олимпија во третиот период направија разлика од осум поени и успеаја да ја сочуваат до крајот на натпреварот.
Во редовите на Олимпија четири играчи постигнаа двоцифрен број поени: Ален Омиќ 14, Паоло Маринели, Марко Мариновиќ и Халил Канацевиќ по 13, додека кај МЗТ Скопје Урош Лучиќ реализираше 17 поени.
Резултати од натпреварите од 10. коло одиграни синоќа:
Будуќност – Шолнок 75:68 и
Задар – Крка 79:69.
МЗТ Скопје и Задар со биланс три победи и седум порази се на делба на 10. и 11. место на табелата.
Вечерва се играат три натпревари:
Игокеа – Левски,
Цибона – Металац и
Црвена Звезда – Партизан.
Колото ќе биде комплетирано со утрешниот дуел Мега – Цедевита. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top