Рускиот претседател Владимир Путин смета дека позицијата на Турција околу санкциите против Русија е „далековида“. Според него, Турција не воведе санкции против Русија и сега планира да го зголеми извозот на месо, млеко, риба, зеленчук и овошје во Русија.
Во средината на март 2014 година САД, Европската унија, Австралија, Нов Зеланд и Канада воведоа пакет мерки против Русија поради приклучувањето на Крим во составот на Русија. Тие мерки предвидуваат замрзнување на активите и воведување визни ограничувања против неколку лица и организации. Како одговор на ова, Русија го ограничи увозот на производи од државите кои воведоа санкции против неа.
„Многу го цениме решението на Турција околу економската соработка со Русија. Турските партнери не ги жртвуваа своите интереси поради нечии туѓи политички амбиции. Сметам дека ова е навистина промислено од нивна страна“, стои во писменото интервју на Путин за турската информативна агенција Анадолу пред посетата на Путин во Турција на 1 декември.
Путин посочува дека позициите на турксата влада отвораат нови хоризонти за зголемување на трговијата меѓу двете земји. Двете страни ќе успеат да ги подигнат своите трговски и инвестициски односи на ново ниво.
„Веќе зборувавме со Ердоган дека сакаме трговијата меѓу нас да достигне 100 милијарди долари“, забележа Путин. Во 2013 година трговското салдо на двете земји изнесуваше 32,7 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.