Иако на први декември е официјалниот почеток на метеоролошката зима, вистинска зима во првата недела од овогодинешниот декември нема да видиме. Во првата половина од новата недела се очекува облачно време со повремен дожд. Според Метеопро, првите три дена, заклучно со среда ќе поминат во облачно време. Повремено се очекува дожд, но истиот ќе доаѓа во серии на повремени врнежи. Понеделник и вторник ќе бидат малку ветровити, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток.
Утрата ќе бидат топли, а минималната температура ќе биде во дијапазонот од 7°С до 11°С.
Максималната температура овие денови исто така ќе биде релативно висока и ќе има вредност помеѓу 10°С и 14°С низ поголем дел од населените места, а во повисоките градови таа ќе има вредност до 10°С.
Во втората половина од неделата и понатаму ќе се задржи претежно облачно време, но без некои услови за значителен дожд. Се очекуваат и повремени, но краткотрајни и локални сончеви периоди.
Иако од север ќе се спушта малку постудена воздушна маса, сепак тоа нема значително да ја намали температурата. Минималната температура ќе има вредност во границите од 5°С до 9°С
Максималната дневна температура во четврток ќе биде во границите од 9°С до 13°С, додека во петок ќе биде за нијанса посвежо со максимална низ котлините од 7°С до 11°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.