| четврток, 6 декември 2018 |

Евтината нафта дополнително ја обезвредни руската рубља

­ Руската национална валута денеска забележа драстичен пад, намалувајќи се на ниво од под 50 рубљи за еден долар, откако Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) вчера донесе одлука да не ја намалува дневната квота
за производство на нафта, што довде до доплнително намалување на цената на енергенсот на светските берзи.

Како што објави „Москоу Тајмс“, еден американски долар денеска се менуваше за 49,90 рубљи, со што се зголеми веројатноста дека централната Банка на Русија ќе превземе дополнителни мерки за стабилизирање на националната валута.

Во однос на понеделникот, вредноста на руската рубља денеска беше помала за околу 10 проценти.

По одлуката на ОПЕК да не го намалува дневното производство на нафта, енергеност на светските берзи денеска се намали на 71,70 долари за барел, Во текот на летото цената на нафтата изнесуваше 115 долари за барел.

Околу половина од буџетот на Русија се полни од извозот на енегренси, поради што падот на цената на нафтата има негативни последици врз вредноста на рубљата, но и на акциите на руските компании.

Од почетокот на годината рубљата се намали за 30 проценти во однос на американскиот долар. Ваквиот пад се должи на поевтинувањето на нафтата, но и на санкциите што Западот ги воведе кон Русија поради случувањата во Украина.

На почетокот на месецот руската централна Банка воведе флуктуирачки курс на рубљата, откако од поечтокот на годината на девизниот пазар интервенираше со над 70 милијарди долари за да ја зачува стабилноста на националната валута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top