Синоќа беа доделени наградите за најдобрите учесници на детските музички фестивали “Тра ла ла кидс” и ”Тра ла ла Битола” кои се одржаа на 27 и 28 ноември, на гала концерт во Центарот за култура во Битола.
На фестивалот “Тра ла ла Битола” настапија млади музички таленти на возраст од 9 до 13 години. Првото место го освои Ангела Кутлешовска со песната “Мир”. На второ место застана Матеј Апостоловски со песната “Кларинетист”, а на трето Илона Шундовска со песната “Џастин”. Специјалната награда од директорот на фестивалот ја понесе Ива Салевска со песната “Мамина и татина”.
Првата награда на фестивалот “Тра ла ла кидс”, на кој настапија деца од 5 до 8 години, ја освои Андреа Нешковска со песната “Мармелад”. Втората награда му припадна на Андреј Огненовски со песната “Аматер”, а третата награда ја освои Марко Крстевски со песната “Ивана”. Специјалната награда која ја доделува директорот на фестивалот Тони Алексовски ја освои Христина Симоновска со песната “Чудо големо”.
– На двата фестивали учествуваа 29 млади музички таленти од целата држава. Голем дел од нив се носители на меѓународни музички награди освоени на меѓународни фестивали. Овие два дена во Битола беше вистински празник на музиката. Деца од целата република имаа можност да се натпреваруваат со своите таленти, но и да се дружат низ музика и да шират позитивна енергија.,,-вели директорот на фестивалот “Тра ла ла”, Тони Алексовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија






