| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка: Седумгодишно дете се бори за живот, повредени и три млади лица (ФОТО)

­ Седумгодишно дете и тројца млади на возраст меѓу 18 и 20 години се повредени во собраќајна несреќа што се случи денеска попладне на влезот на Велес.

Според првичните информации, повредените се возеле по улицата под споменикот „Спомен костурница“ кога возачот најверојатно изгубил контрола, излетал и паднал кај Кружниот тек на влезот на градот.

Со најтешки повреди е седумгодишното дете кое од Велешката болница е испратено на Ургентниот центар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top