| четврток, 6 декември 2018 |

Во Пекинг нема повеќе пушење на јавни места

Пекиншките власти забранија пушење на сите затворени јавни места, вклучувајќи ги и работните места и јавниот превоз, јави агенцијата Синхуа.

Забраната за пушење ќе стапи во сила на 1 јуни, а оние кои ќе ја прекршат ќе бидат казнети со износ до 200 јуани, односно 32,50 американски долари.

Кина има најмногу пушачи во светот, каде околу 300 милиони пушат, а 700 се изложени на чадот од цигарите. Само во Пекинг има повеќе од 400.000 пушачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top