| четврток, 6 декември 2018 |

Осомничениот за убиството на младиот Марко: Посегнав по ножот во самоодбрана

kadri-aktas
Турскиот навивач на Галатасарај, Кадри Акташ е главен осомничен за убиството на „делијата“ Марко Ивковиќ, а иако призна дека убодел со нож еден од навивачите на Црвена Ѕвезда за време на мешаницата, сепак не ги прифаќа оптужбите за кои е обвинет.

Педесет и тригодишниот Кадри бил фатен од полицијата откако се обидел да го напушти Истанбул, а како што пренесува турскиот портал „Тараф“, тој бил видно потресен откако бил испратен во притвор.

– Ножот го понесов несвесно. Со камења одговоривме на нивните провокации, а доживеав шок откако бев удрен со рака или нога во нос. Почнав да замавнувам со ножот во правец на нивните нозе, мојата намера не беше да убијам некого, туку да ги избркам од мене. Висок човек со плава коса повторно ме удри, а потоа убодев човек кој се најде до мене во меѓувреме. Сето тоа беше во самоодбрана, не ги прифаќам оптужбите за кои сум обвинет – изјавил Кадрди, а пренесува „Тараф“.

Турската полиција прегледала видео материјал од 731 сат пред да ја расветли трагедијата во која животот го загуви 25- годишниот Србин и навивач на Црвена Ѕвезда, Марко Ивковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top