| четврток, 6 декември 2018 |

Гечевски: Го гледам крајот на кариерата

Интервју со македонскиот кошаркар Тодор Гечевски, објавено во 14-от број на неделникот „Република“ (7 декември 2012)

Ако се пра­ви ли­ста на нај­о­ми­ле­ни спор­ти­сти во зем­ја­ва и ако има не­ка­кво веч­но ран­ги­ра­ње на тие што нај­не­се­бич­но и кон­ти­ну­и­ра­но при­до­не­су­ва­ле за на­ша спорт­ска про­мо­ци­ја, ве­ро­јат­но, ви­со­ки­от ка­ва­дар­ча­нец ќе би­де убед­ли­во прв.

 

Ге­чев­ски, оче­ку­ва­вте ли 6:5 по 11 ко­ла во Ја­дран­ска­та ко­шар­кар­ска­та ли­га?
Ге­чев­ски: Да би­дам искрен, не. Јас нај­до­бро знам ка­ко е да се игра во таа кон­ку­рен­ци­ја и де­ка во неа има ви­со­ка кон­цен­тра­ци­ја на се­ри­о­зен ква­ли­тет. Нас нѐ им­пре­си­о­ни­ра­ше де­би­то, бев­ме под при­ти­сок, но се­га е сѐ во ред.

Ка­ко си за­до­во­лен од сопс­тве­на­та игра. Од про­се­кот од 12 по­е­ни, че­ти­ри ско­ка и две аси­стен­ции по нат­пре­вар?
Ге­чев­скиПоч­нав ло­шо, но, ќе се се­ти­те, на три­па­ти до­жи­ву­вав по­вре­ди. Пр­во скр­ше­ни­ца­на ра­ка­та, па проб­ле­ми со гр­бот и за крај скоч­ни­от зглоб. Но, сѐ по­ми­на и се­га е со­се­ма по­и­на­ку. Мо­же­би, мо­жев да ос­тва­рам уште не­кој скок по­ве­ќе, но ко­му му е тоа важ­но ко­га на еки­па­та ѝ оди.

Што е крај­ни­от до­стрел на овој со­став на МЗТ Скоп­је во ре­ги­о­нал­но­то нат­пре­ва­ру­ва­ње?
Ге­чев­скиТа­му ка­де што сме се­га, го де­ли­ме пет­то­то ме­сто. Ко­га поч­ну­вав­ме ние и не по­мис­лу­вав­ме де­ка ќе би­де­ме во по­зи­ти­ва во овој дел и за­тоа јас лич­но би бил за­до­во­лен со плас­ман до 8 место

Еки­па­та до­жи­веа про­ме­ни во тек на се­зо­на­та. Кол­ку е се­га таа по­до­бра од август?
Ге­чев­скиМо­же­би ви се чи­ни де­ка сме по­до­бри, иа­ко ние и не­мав­ме којз­нае кол­ку про­ме­ни. Са­мо ед­на на плеј­меј­кер­ска­та по­зи­ци­ја. Не­скром­но, про­ме­на­та е до ме­не. Не играв на по­че­то­кот, а по­тоа вле­чев и са­ни­рав по­вре­ди, но се­га е сѐ по­и­на­ку.

Дој­де и Алеш Пи­пан. Тоа изг­ле­да ка­ко огром­на про­ме­на?
Ге­чев­скиАлеш при­до­не­се во при­фа­ќа­ње но­ва од­бра­на. Во на­па­дот не­ма ни­што дра­ма­тич­но, но во од­бра­на­та сме по­и­на­кви. Се­га бр­ка­ме, вр­ши­ме пре­си­ја низ цел те­рен, а тоа го сме­ни ри­та­мот и ре­зул­та­ти­те.

Todor-Gecevski-2

Сѐ уште е неприкосновен под кошевите

Тан­де­мот Ге­чев­ски – Че­ков­ски е нај­до­бри­от цен­тар­ски тан­дем што сме го ви­де­ле до­ма во псо­лед­ни­те две де­це­нии. Ќе се сог­ла­сиш ли ти со тоа?
Ге­чев­скиПа, во ос­но­ва, да. До­бро функ­ци­о­ни­ра­ме иа­ко ние ду­ри ла­ни за­и­грав­ме за­ед­но во ист клуб. Но, тоа што де­се­ти­на го­ди­ни сме за­ед­но во ре­пре­зен­та­ци­ја­та соз­да­ло флу­ид, кој нѐ пра­ви да се чув­ству­ва­ме во игра­та. Сѐ е, ве­ро­јат­но, олес­не­то и со тоа што двај­ца­та сме олра­унд, па мо­же­ме да игра­ме и цен­тар­ски, и со шут и со блок за дру­ги­от.

Ле­то­ска ста­ви крај на ре­пре­зен­та­тив­на­та ка­ри­е­ра. Да­ли е тоа е ко­неч­но збо­гум?
Ге­чев­скиНе­ма­ше кон­фе­рен­ци­ја за пе­чат, не­ма­ше обра­ќа­ње во ме­ди­у­ми­те. Имам до­го­вор со лу­ѓе­то од МКФ. Тие при­фа­ти­ја и не­ма ни­што спор­но. И ме­не ми е жал што ја на­пу­штам се­лек­ци­ја­та за ко­ја играв 15 го­ди­ни и во уба­ви вре­ми­ња, но и во пер­и­о­ди ко­га сам пла­ќав да ста­сам, да до­па­у­вам, да би­дам на рас­по­ла­га­ње.

Тво­е­то об­ја­ву­ва­ње пре­диз­ви­ка бран од исти ста­во­ви и кај дру­ги ре­пре­зен­та­тив­ци?
Ге­чев­скиСе ис­цр­пив­ме и фи­зич­ки и пси­хич­ки со на­ста­пи­те во пос­лед­на­та го­ди­на. Мо­ја­та од­лу­ка не е по­вр­за­на со ра­чо­ча­ру­ва­ње­то во Ка­ра­кас и не е во со­дејс­тво со дру­ги­те. Да би­дам отво­рен, мис­лам де­ка таа на Ан­тиќ е да­де­на во афект и де­ка ка­пи­те­нот од­но­во ќе го пред­во­ди ти­мот на ЕП во Сло­ве­ни­ја.

Имаш ли ти фа­во­рит за се­ле­ктор­ско­то ме­сто?
Ге­чев­скиПрв кан­ди­дат, ве­ро­јат­но, тре­ба да би­де До­ку­зов­ски. След­ни се То­до­ров и Рај­ко­виќ по­ра­ди клуп­ски­те ус­пе­си, а по­тоа и Да­ви­тков, кој мно­гу ја за­дол­жи оваа оваа се­лек­ци­ја. Не­мам ни­што про­тив да по­ста­ви­ме и стра­нец. Ќе се се­ти­те де­ка ние на ЕП се вра­тив­ме со Јо­ви­ца Ар­сиќ.

Мо­же ли да се слу­чи не­кој од спо­ме­на­ти­те да те пре­мис­ли, па след­но­то ле­то по­втор­но да го об­ле­чеш дре­сот?
Ге­чев­скиНе, не­ма ни­ка­кви шан­си. Не за­тоа што имам не­ка­кви ус­ло­ви или не­што пре­ба­ру­вам, ту­ку за­тоа што са­кам да му се по­све­там на се­мејс­тво­то.

Има­ме ли ал­тер­на­ти­ва на тво­ја­та по­зи­ци­ја?
Ге­чев­скиУбе­ден сум. Ан­тиќ и Са­мар­џи­ски се од­ли­чен дво­ец. Не за­бо­ра­вај­те де­ка двај­ца­та игра­ат во Евро­ли­га­та. Ту­ка се и Че­ков­ски и Ни­ко­лов­ски, кои ќе се од­лич­на под­др­шка.

Мо­же­ме ли да го по­вто­ри­ме ус­пе­хот од Ли­тва­ни­ја или ба­рем не­што приб­лиж­но?
Ге­чев­скиГру­па­та е и те­шка, но и се­ко­го мо­же­ме да го по­бе­ди­ме. Не­ма да би­де ни­ка­ква сен­за­ци­ја ако сла­ви­ме и со Ли­ва­ни­ја или Ср­би­ја. За БиХ, за Цр­на Го­ра и за Ле­то­ни­ја не­мам ди­ле­ма, за­тоа што нив и до­се­га сме ги по­бе­ду­ва­ле по не­кол­ку­па­ти. Има­ме ква­ли­тет, са­мо да не­ма при­ти­сок за­што е те­шко да се игра со це­ла на­ци­ја на врат и со ба­ра­ња за по­лу­фи­на­ле или слич­но.

Todor-Gecevski-3

Гечевски на еден од последните тренинзи на репрезентацијата

То­ше, ка­де е кра­јот на ка­ри­е­ра­та. Го гле­даш ли ти за­врш­ни­от чин?
Ге­чев­скиСта­ну­ва на­пор­но и за­тоа одам че­кор по че­кор. Пр­во да ја за­вр­ши­ме оваа се­зо­на, па на ле­то ќе сед­не­ме да се до­го­во­ри­ме. Пр­во со се­мејс­тво­то, па со клу­бот, но ре­ал­но е по­ле­ка да се пов­ле­ку­вам.

Има ли не­што про­пу­ште­но за што жа­лиш. Не­што што не го ос­тва­ри или мо­же­ше да го оди­граш по­и­на­ку?
Ге­чев­скиКо­га ќе се освр­нам, убе­ден сум де­ка не­ма. До­бро, оста­ну­ва­ат не­јас­но­тии би­деј­ќи јас имав по­ну­да од Ефес на 18 го­ди­ни или, мо­же­би, ко­га од За­дар ме ба­раа го­ле­ми еки­пи од сил­ни ли­ги. Од дру­га стра­на, ко­га ви­дов ка­ко на­ви­ва­чи­те и клу­бот ме до­че­каа во За­дар пред де­се­ти­на де­на си­гу­рен сум де­ка од­лу­ка та­му да ги по­ми­нам нај­у­ба­ви­те играч­ки го­ди­ни би­ла ви­стин­ска.

Мо­же ли да се слу­чи пред кра­јот да ѝ се од­дол­жиш и на ка­ва­да­реч­ка­та пуб­ли­ка со ед­на се­зо­на во Фе­ни?
Ге­чев­скиНе ве­ру­вам во та­ква мож­ност. Не би са­кал да се вле­чам од те­рен, тоа и во Јас­мин не го зас­лу­жу­ва­ат. А, има и дру­го. На­ви­ва­чи­те не ме по­ште­ди­ја ла­ни ко­га со МЗТ Скоп­је играв про­тив Фе­ни.

Ко­га сме кај до­маш­на­та ли­га. Ка­де ќе одат тро­фе­и­те?
Ге­чев­скиСле­ди­ме сѐ што се слу­чу­ва, но во овој миг, на­ви­сти­на, сме по­све­те­ни на ја­дран­ска­та кон­ку­рен­ци­ја. Ко­га ќе дој­де вре­ме, си­гур­но, ќе се оби­де­ме да ги осво­и­ме два­та пе­ха­ра. Ли­га­та е до­бра, пет изед­на­че­ни еки­пи и не­ма да би­де лес­но, но ква­ли­те­тот и искус­тво­то се со нас.

За крај. Со ог­лед на вро­де­но­то ли­дерс­тво ма­ни­фе­сти­ра­но во мно­гу на­вра­ти низ го­ди­ни­те, мно­гу­ми­на те гле­да­ат во не­кој го­лем клуб или во ре­пре­зен­та­ци­ја­та. Са­мо уло­га­та не е утвр­де­на?
Ге­чев­скиТре­нер ни­ка­ко. Таа не­си­гур­ност не е за ме­не. За ди­ре­ктор или пре­тсе­да­тел, мо­же­би. Са­мо тоа да не би­де из­мис­ле­на функ­ци­ја са­мо за да зе­мам пла­та, ту­ку не­што кон­крет­но, ка­де што ќе мо­жам да по­мог­нам.

Разговараше: Перо Момировски
Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top