
Пратениците во Бундестагот, долниот дом на германскиот Парламент, го изгласаа предлог-буџетот за следната година, кој првпат од 1969 година не предвидува раст на јавниот долг на Германија.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека Германија ја исполнува својата обврска кон идните генерации и оти на тој начин придонесува за одржливиот економски раст.
Опозициските партии и дел од економистите упатија критики кон Берлин за избалансираниот буџет, тврдејќи дека таквата мерка нема да има никаква економска смисла и може да го успори економскиот раст и инвестициите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


