| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тетово приведено лице поради извршени „измами“

приведен

Тетовската полиција денеска го привела и задржала И.И.(47) од Скопје кого го сомничи дека извршил повеќе измами на сличен начин годинава во полошко, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци скопјанецот бил приведен откако денеска околу 11 часот по втор пат за два месеци се обидел да измами 80 годишен жител на тетовското село Долно Палчиште кој го препознал и го пријавил  по што полицијата го привела.

– И.И. (47) од Скопје заедно со уште едно засега непознато лице пред околу два месеци го измамил повозрасниот жител на Долно Палчиште кој денеска не наседнал на истата приказна и го пријавил. Двајцата тогаш го пресретнале на улица „Маршал Тито“ во Тетово и му рекле дека им се случила сообраќајна несреќа и оти добро не ги разликуваат македонските денари  по што  му побарале, а тој им дал 3.250 денари.Откако ги зеле парите со ветување дека ќе појдат во банка да ги разменат нивните девизи како гаранција дека ќе се вратат му оставиле рачен часовник. Но тие воопшто не се вратиле а старецот заклучил дека е измамен – изјави Јосифовски.

Тој посочи дека за приведениот скопјанец постои сомнение дека оперирал и на гостиварското подрачје и оти по целосното расчистување на сите детали поврзани со неговото учество во повеќе измами ќе се соочи со соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top