| четврток, 6 декември 2018 |

Превентивните прегледи кај матичните спасуваат животи

lekar

Мислеле дека се здрави, а им се заканува срцев удар, шеќер или да им откажат бубрезите. Фондот за здравство презентираше фрапантни податоци од  превентивни прегледи кај матичните лекари. За првите шест месеци со скринингот биле опфатени 325.000 граѓани. Кај дури 1/3 лекарите констатирале дека имаат сериозен ризик од срцеви, бубрежни  заболувања и  дијабетес.

– Со рано откривање на овие болести здравствените работници и фондот спречија: ампутации кај дијабетично стапало, слепило предизвикано од дијабетес, спречување на мозочни и срцеви удари, компликации од мозочни и срцеви удари како што се губење на од и говор, одземеност на екстремитети, генерална инвалидност, се одложува дијализа кај бубрежно болните и се спречува предвремена смрт – изјави м-р Маја Парнарџиева Змејкова директор на ФЗОМ.

При прегледите било констатирано и дека дури 27 проценти или околу 30.000 млади од 14-24 години пушат цигари. И тие како и лицата со скриени заболувања добиле совети од матичните лекари, а некои биле препратени и на дополнителни прегледи.

– Во овој проект после шест месеци веќе имаме пациенти кои направиле сериозна промена на начинот на исхрана, ја намалиле својата тежина и до 10 килограми, ги откажале цигарите – рече д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Овој мега проектот на Владата ќе продолжи до крајот на 2015 година. Покана да се јават на преглед кај матичните ќе добијат околу 1 милион и 300 граѓани од 14 до 65 години. Од Фондот уверуваат дека прегледите немаат за цел само статистичка евиденција туку навремено откривање и лекување на скриените заболувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top