| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тетово и во Филаделфиjа се чека спас во последен час

Ма­ке­дон­ски­от фуд­бал­ски пр­во­ли­гаш Те­текс е ме­ѓу нај­ло­ши­те еки­пи на пла­не­та­та во но­ви­от цик­лус нат­пре­ва­ри и сѐ уште ја че­ка пр­ва­та по­бе­да, иа­ко во до­маш­но­то пр­венс­тво из­ми­наа це­ли 16 рун­ди. Те­тов­ци има­ат са­мо три бо­да и ду­ри 13 по­ра­зи, а пос­лед­на шан­са за ра­дост во 2014 го­ди­на им е нат­пре­ва­рот од пос­лед­но­то есен­ско ко­ло про­тив Ме­та­лург. Ме­ѓу „лу­зе­ри­те“ е и трој­ни­от пр­вак во НБА Фи­ла­дел­фи­ја со не­ве­ро­јат­на се­ри­ја од 14 по­ра­зи, без ни­ту ед­на по­бе­да на по­че­то­кот од но­во­то из­да­ние на нај­сил­на­та ко­шар­кар­ска ли­га на све­тот

Во Те­то­во и во Фи­ла­дел­фи­ја се че­ка спас од Де­до Мраз и тоа во пос­ле­ден час за пр­ва по­бе­да на фуд­бал­ски­от клуб Те­текс во Пр­ва­та ма­ке­дон­ска ли­га и за мно­гу по­поз­на­та­та НБА-еки­па, по­пу­лар­ни­те „се­дум­де­сет и шес­тки“. Во 2014 го­ди­на има­ше ду­зи­на спорт­ски спе­ктак­ли, ре­кор­ди, го­ле­ми на­ста­ни, мо­мен­ти за па­ме­те­ње, за веч­ност, но има и еки­пи што не­ма да ја па­ме­тат по до­бро оваа го­ди­на.

Rabotnicki-Teteks-copy

Ме­ѓу нив е и ма­ке­дон­ски­от пр­во­ли­гаш Те­текс, ед­на од еки­пи­те што не­ма ни­ту ед­на по­бе­да во но­ви­от цик­лус од Пр­ва­та фуд­бал­ска ли­га кај нас. Те­тов­ци има­ат са­мо три бо­да и ду­ри 13 по­ра­зи, а пос­лед­на шан­са за ра­дост во 2014 го­ди­на им е нат­пре­ва­рот од пос­лед­но­то есен­ско ко­ло про­тив Ме­та­лург. Ме­ѓу „лу­зе­ри­те“ е и тројниот пр­вак во НБА Фи­ла­дел­фи­ја со не­ве­ро­јат­на се­ри­ја од 14 по­ра­зи, без ни­ту ед­на по­бе­да на по­че­то­кот од но­во­то из­да­ние на нај­сил­на­та ко­шар­кар­ска ли­га на све­тот.

Ли­ста­та на еки­пи без по­бе­да во нај­по­пу­лар­ни­те екип­ни спор­то­ви, фуд­бал, ко­шар­ка и ра­ко­мет, е дол­га, има и со­ста­ви за кои до­се­га, ве­ро­јат­но, и не сме зна­е­ле де­ка во­оп­што и по­сто­јат, а за­се­га на вр­вот е НБА-ги­ган­тот од Фи­ла­дел­фи­ја со би­ланс 0-14.

 

Teteks-copy

Те­текс шие са­мо по­ра­зи, цр­на се­ри­ја и на Мол­дав­ци­те

И фуд­ба­лот си има ло­ши при­каз­ни, не­за­пир­ли­ви се­ри­и од по­ра­зи и еки­пи што не­ма­ат по­бе­да во но­ви­от цик­лус од на­ци­о­нал­ни­те пр­венс­тва. Ме­ѓу нив е и ма­ке­дон­ски­от клуб Те­текс од Те­то­во. Не­ко­гаш­ни­от пр­во­ли­гаш во сил­на­та ју­гос­ло­вен­ска ли­га ма­ка ма­чи во нашето пр­венс­тво и има са­мо три бо­да по 16 оди­гра­ни ко­ла, со ка­та­стро­фал­на гол-раз­ли­ка од осум по­стиг­на­ти и ду­ри 45 при­ме­ни по­го­до­ци. Пос­лед­на шан­са за по­бе­да во 2014 го­ди­на за те­тов­ци е в са­бо­та, на ду­е­лот со Ме­та­лург на го­сти. По­тоа има па­у­за во ма­ке­дон­ска­та Пр­ва ли­га до март в го­ди­на.

Има мно­гу при­чи­ни за кри­за­та на Те­текс, од по­сто­ја­ни­те пре­сел­би на ре­ла­ци­ја Скоп­је-Те­то­во, пре­ку не­за­ин­те­ре­си­ра­но­ста на гра­дот за клу­бот со бо­га­та тра­ди­ци­ја, до не­кол­ку сом­ни­тел­ни ре­зул­та­ти. Тек­стил­ни­от ги­гант Те­текс одам­на не стои зад клу­бот, фи­нан­си­и­те се скром­ни, а ра­ко­водс­тво­то до­не­се со­се­ма по­греш­на од­лу­ка нат­пре­ва­ри­те во Пр­ва­та ли­га ка­ко до­ма­ќи­ни да ги игра­ат во Скоп­је. По­тоа се пре­мис­ли­ја, се вра­ти­ја во Те­то­во, но ус­пе­си­те изо­ста­наа, па Те­текс е на пра­гот на ис­па­ѓа­ње. Шпе­ку­ла­ци­и­те за не­кол­ку сом­ни­тел­ни ре­зул­та­ти што но­сат до­бра за­ра­бо­тка во об­ло­жу­вал­ни­ци­те, ве­ро­јат­но са­мо му ште­теа на клу­бот и беа до­пол­ни­те­лен при­ти­сок врз фуд­ба­ле­ри­те.

За тра­ге­ди­ја­та да би­де по­го­ле­ма, пред са­мо две се­зо­ни „си­но-бе­ли­те“ го осво­и­ја на­ци­о­нал­ни­от куп, за нив втор во клуп­ска­та исто­ри­ја. Па­дот за са­мо две го­ди­ни е огро­мен, а ка­ко ма­ла уте­ха за сим­па­ти­зе­ри­те на Те­текс би би­ла пр­ва по­бе­да в са­бо­та про­тив Ме­та­лург.

Ап­со­лу­тен ре­кор­дер во фуд­бал­ска кон­ку­рен­ци­ја, се­пак, не е Те­текс, ту­ку мол­дав­ски­от пр­во­ли­гаш Ди­на­мо ау­то со 13 по­ра­зи во серија. Клу­бот од Ти­рас­пол е фор­ми­ран пред не­пол­ни пет го­ди­ни, а ве­ќе ури­ва ре­кор­ди. Во но­ви­от цик­лус од нај­сил­на­та фуд­бал­ска ли­га во Мол­да­ви­ја ве­ќе има­ат на­ни­жа­но 13 неуспеси со ка­та­стро­фал­на гол-раз­ли­ка од 3-43.

Ни­што по­до­бар не е ни­ту цр­но­гор­ски­от тим Бе­ра­не со са­мо три бо­да на 15 нат­пре­ва­ри, по­тоа пор­ту­гал­ски­от пр­во­ли­гаш Жил Ви­сен­те без по­бе­да во 10 ко­ла (0-3-7) и чле­нот на шпан­ска­та При­ме­ра дивизија Кор­до­ба со пет не­ре­ше­ни сред­би и со се­дум по­ра­зи во 12 рун­ди. Лош по­че­ток и са­мо че­ти­ри осво­е­ни бо­да во 15 рун­ди во Дан­ска има Сил­ке­борг, ка­ко пос­ле­ден во ни­за­та еки­пи без по­бе­да во фи­ни­шот на 2014 го­ди­на.

 

Philladelphia-76ers-002-copy

Фи­ла­дел­фи­ја со би­ланс 0-14 си­гур­но че­ко­ри кон ре­кор­дот на Брук­лин

Трој­ни­от шам­пи­он во НБА од Фи­ла­дел­фи­ја е ед­на од ико­ни­те на нај­сил­на­та ко­шар­кар­ска ли­га на пла­не­та­та, но се­зо­на­ва на по­пу­лар­ни­те „се­дум­де­сет и шес­тки“ не им оди нај­до­бро. Клу­бот во кој игра­ле ле­ген­ди од ка­ли­ба­рот на Џу­ли­ус Ир­винг, или по­поз­нат ка­ко До­ктор Џеј, по­тоа и Вилт Чем­бр­лен, Мо­зес Ме­ло­ун, Чарлс Барк­ли, Алан Ај­вер­сон… за­бо­ра­ви ка­ко е да се по­бе­ду­ва. Со би­ланс од 14 по­ра­зи во исто тол­ку нат­пре­ва­ри во но­ва­та се­зо­на „се­дум­де­сет и шес­тки­те“ се на пра­гот да го ур­нат сопс­тве­ни­от ре­корд од 15 нули во ни­за на по­че­ток на ед­на се­зо­на, па ду­ри и цр­ни­от ре­корд во НБА во сопс­тве­ност на Брук­лин нетс од 18 не­ус­пе­си во се­ри­ја. Клу­чен да­тум за Фи­ла­дел­фи­ја мо­же да би­де 5 де­кем­ври, ко­га во де­вет­на­е­сет­ти­от меч во НБА за нив ќе им го­сту­ва Ок­ла­хо­ма. Пред­во­де­ни од ка­пи­те­нот Мајкл Кар­тер Ви­ли­јамс, кој е ве­ро­јат­но единс­тве­ни­от ко­шар­кар што мо­же да го има ста­ту­сот на ѕвез­да во ти­мот, ко­шар­ка­ри­те на Фи­ла­дел­фи­ја ќе се оби­дат да го из­бег­нат де­бак­лот што се наѕира.

Philladelphia-76ers-004-copy

Во ко­шар­ка­та, по­крај по­ра­неш­ни­от шам­пи­он во НБА, по­бе­да­та ја не­ма­ат по­чув­ству­ва­но уште две еки­пи од Евро­па. Мал­ку поз­на­ти­те ко­шар­кар­ски ти­мо­ви од Ли­тва­ни­ја, Ма­жеј­каи и ав­стри­ски­от пр­во­ли­гаш Фир­стен­фелд бе­ле­жат са­мо по­ра­зи.

Ин­те­рес­на е при­каз­на­та на ли­тван­ски­от де­би­тант во та­мош­на­та Пр­ва ли­га, Ма­жеј­каи. Ла­ни за прв­пат тре­ба­ше да игра во ели­та­та, но бе­ше од­би­ен по­ра­ди са­ла­та, ко­ја не ги за­до­во­лу­ва по­треб­ни­те ус­ло­ви за игра­ње во нај­сил­на­та ли­тван­ска ли­га. Го­ди­на­ва, ко­неч­но, се из­бо­ри за на­стап со нај­сил­ни­те еки­пи во не­го­ва­та зем­ја, но ре­ди са­мо по­ра­зи со ка­та­стро­фа­лен ефект од 0-13. Еден по­раз по­мал­ку има ав­стри­ски­от пр­во­ли­гаш Фир­стен­фелд, а вку­сот на по­бе­да­та сѐ уште не го по­чув­ству­ва­ле по­пу­лар­ни­те „пан­те­ри“.

 

Хер­ку­лес е ска­ран со ра­ко­ме­тот, го га­зи кој ста­са

Хо­лан­ди­ја во пос­лед­но вре­ме сѐ по­ве­ќе на­пре­ду­ва во ра­ко­мет­на­та игра. И две­те се­лек­ции, и ма­шка­та и жен­ска­та, со круп­ни че­ко­ри на­пре­ду­ва­ат на европ­ска­та сце­на, но ти­мо­ви­те сѐ уште им се при дно­то на кон­ти­нен­тал­на­та ма­па. Па­тем, ими­ња­та на клу­бо­ви­те им се мош­не ко­ло­рит­ни, а се изд­во­ју­ва­ат Хе­лас и Хер­ку­лес. Хо­ланд­ски еки­пи со грч­ка ни­шка, ба­рем спо­ред ими­ња­та, и со крај­но ло­ши ре­зул­та­ти. И две­те еки­пи се на дно­то во хо­ланд­ска­та Пр­ва ли­га со по де­вет по­ра­зи и со са­мо две не­ре­ше­ни сред­би по 11 ко­ла. Ед­на од пос­лед­ни­те шан­си за по­бе­да им бе­ше ме­ѓу­себ­ни­от меч во рам­ки на де­вет­та­та рун­да, но си оди­граа не­ре­ше­но 19-19, па пр­ва­та по­бе­да за две­те еки­пи оста­ну­ва са­мо сон. До кра­јот на го­ди­на­ва има уште че­ти­ри ко­ла во хо­ланд­ски­от шам­пи­о­нат, што е мож­ност за Хе­лас и за Хер­ку­лес да се оби­дат да ја за­вр­шат го­ди­на­та со ба­рем ед­на по­бе­да на скром­но­то бо­дов­но сал­до.

Убед­ли­во нај­ло­ши во ра­ко­мет­на Евро­па се два со­ста­ва од по­ра­неш­на Че­хос­ло­вач­ка, рам­но­прав­но рас­пре­де­ле­ни по еден во Че­шка и еден во Сло­вач­ка. Та­му ра­ко­ме­тот си има мош­не со­ли­ден реј­тинг и во по­ра­неш­на­та за­ед­нич­ка др­жа­ва и се­га ко­га две­те зем­ји жи­ве­ат од­во­е­но ка­ко су­ве­ре­ни зем­ји, но тоа не го по­твр­ду­ва­ат Мар­тин во Сло­вач­ка и Со­кол Пре­ров во Че­шка. Тие две еки­пи го др­жат нес­лав­ни­от ре­корд во ра­ко­мет­на Евро­па мо­мент­но со 13, од­нос­но 12 по­ра­зи.

Во Мар­тин, кој е ос­ми град по го­ле­ми­на во Сло­вач­ка, се игра до­бар хо­кеј, но не и ра­ко­мет. Ма­шка­та ра­ко­мет­на еки­па е убед­ли­во на дно­то на Пр­ва­та ли­га со „ба­ксуз­на­та“ три­на­е­се­тка ако се сме­та­ат по­ра­зи­те, без по­бе­да и ни­ту ед­но ре­ми.

За са­мо еден по­раз се раз­ли­ку­ва цр­на­та се­ри­ја на со­се­ди­те од Пре­ров, ка­де што еки­па­та Со­кол ле­та без крил­ја ве­ќе 12 рун­ди во че­шки­от ра­ко­ме­тен шам­пи­о­нат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top