| четврток, 6 декември 2018 |

Канцерогени кинески чевли ја преплавија Турција, граѓаните со рани на нозете (фото)

Канцерогени кинески чевли ја преплавиле Турција, а граѓаните се во паника.

На изглед тие се како кожени обувки без сомнителен квалитет, а всушност се чевли кои отвораат живи рани. 18-годишната Есра Кејфер преживела вистински кошмар, уште по првото облекување на кинеските чевли, за кои платила 50 евра. Нозете почнале да ѝ црвенеат, да ѝ помодруваат и најпосле да ѝ крварат. Лекарот ѝ рекол дека раните ѝ се резултат на силна хемикалија.

– Ги купив во септември. Кога почнав да ги носам, на нозете веднаш ми се појави црвенило и силно чешање. Потоа, почнаа да ми крвават. Пред една недела повторно ги облеков и повторно силно црвенило и чешање. Нозете ми се инфицираа. Се сѐ случи за 1-2 часа. Кожата ми се истенчи, а кога станав од спиење ми беше одвоена од месото – вели Есра Кејфер, жителка на Истанбул.

Во посебни депоа се испитува видот на хемикалиите, кои ги има во токсичните канцерогени обувки,  по што стоката ќе биде уништена.

Властите соопштија дека таа е нелегално транспортирана во Турција, но не го откриваат името на брендот. Во целата истрага ги вклучија и граѓаните.

– Ако има граѓани кои мислат или се сомневаат дека купиле вакви чевли, ги замолуваме да ни ги донесат. Ние ќе ги однесеме на анализа и ќе утврдиме – вели министерот за трговија, Нуретин Џаникли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top