Безживотно тело на маж е пронајдено вчера попладне во градскиот парк во Штип.
Според првичните информации од полицијата, на телото немало видливи знаци на насилство. Истрагата утврдила дека станува збор за 40-годишниот Зоран Фимков, а трупот го забележале случајни минувачи кои веднаш пријавиле во полиција.
Телото на починатиот е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.