| четврток, 6 декември 2018 |

Седум навики на хронично несреќните луѓе – дали сте меѓу нив?

unhappy

Четириесет отсто од нашиот капацитет за среќа се наоѓа во нашата способност за промена на начинот на размислување и начинот на кој го гледаме и доживуваме светот околу себе.

– За сите нас постои надеж. Постојат луѓе на оваа планета кои навистина се среќни, а остатокот од нас се наоѓа меѓу среќата и тагата, во зависност од денот. Во истражувањата во текот на годините, забележав некои особини и навики на несреќните луѓе кои тие постојано се повторуваат. Сите ние имаме лоши денови, недели, па и месеци, кога некако ништо не ни оди. Сепак, разликата меѓу среќните и несреќните луѓе е во тоа колку долго во себе дозволуваат да останат во таа состојба – вели за Psychology Today истражувачката од Универзитетот во Калифорнија, Соња Лубомирски.

Ова се особини на хронично несреќните луѓе:

1. Веруваат дека животот всушност е тежок

Среќните луѓе знаат дека животот може да биде тежок и по тешките периоди тоа го гледаат како фаза, не глумејќи жртва. Тие преземаат одговорност за тоа зошто се довеле во таква состојба, па се фокусираат на тоа како тоа да го променат и да се извлечат од хаосот што е можно побрзо; фокусот го ставаат на решенија на проблемите, наместо на жалење и кукање. Несреќните луѓе пак себе постојано се доживуваат како жртви и понатаму размислуваат на начинот – види што ми се случи, наместо да се потрудат да најдат излез од својата состојба.

2. Сметаат дека (речиси) на никого не може да му се верува

Здравата внимателност и сомнежите се добри, не треба претерано да се биде лековерен, но многу среќни луѓе всушност веруваат во другите. Веруваат во доброто во луѓето и не мислат дека ќе бидат измамени од сите, па генерално пријателски се настроени и отворени кон луѓето кои ги запознаваат. Несреќните луѓе главно не веруваат на никого и мислат дека ќе бидат измамени од сите, што ги спречува во тоа да остваруваат нови пријателства и врски со луѓето.

3. Се фокусираат само на негативни страни

Во овој свет многу работи не се добри, сепак среќните луѓе се фокусираат на она доброто и позитивното. Несреќните луѓе ги гледааат само негативните страни, а нивниот страв ги спречува во тоа да ја видат целата убавина која не опкружува.

4. Се споредуваат со другите и дозволуваат да ги изеде зависта

Несреќните луѓе веруваат дека некој друг ја украл нивната среќа, па постојано се споредуваат со другите, дозволувајќи да ги изеде љубомора и завист. Среќните луѓе знаат дека секој од нас има своја судбина и среќа која никој не може да ни ја украде. Исто така, среќните луѓе веруваат во бројни можности и знаат дека среќата на другите нема никаква врска со нивната.

5. Се обидуваат да контролираат се околу себе

Постои разлика меѓу потребата за контрола и обидите да се постигнат одредени цели. Среќните луѓе преземаат секојдневни мерки за да ги постигнат своите цели, но на крај сваќаат дека всушност малку можат да контролираат од сето тоа. Клучот е во тоа да бидеме ориентирани на своите цели, но да дозволиме да се случат и лоши работи, и тие се составен дел од животот, светот нема да се распадне поради тоа.

6. За иднината размислуваат со загриженост и страв

Несреќните луѓе размислуваат само за тоа што може да појде по зло, додека среќните луѓе поседуваат доза на здрава илузија и си дозволуваат понекогаш да фантазираат и да размислуваат за убави нешта, па всушност веруваат дека на крај се ќе биде во ред. И среќните луѓе чувствуваат загриженост и страв, но прават голема разлика меѓу чувствата и живеењето во страв. Кога стравот или грижите ќе го нападнат мозокот на среќни лица, тие ќе се прашаат постои ли некој начин на кој тоа можат да го превенираат или да го променат. Ако не можат, сваќаат дека од стравот и загриженоста немаат ништо и прекинуваат да размислуваат за тоа.

7. Живеат во минатото

Несреќните луѓе живеат во минатото и главно зборуваат само за тоа. Кога ќе почнат да им недостасуваат теми, се свртуваат кон озборувања и коментирање на животите на другите луѓе. Среќните луѓе живеат во сегашноста и сонуваат за иднината. Нивните позитивни вибрации можат да се почувствуваат во комуникацијата со нив. Возбудени се поради работата на која работат, благодарени се на тоа што го имаат и размислуваат за можностите во животот.

– Секако, никој од нас не е совршен. Сите ние понекогаш се гушиме во негативност, но работата е во тоа колку долго ќе си дозволиме да останеме во таа состојба. Вежбањето на позитивните навики е она на кое сите треба да работиме. Одиш, паѓаш, стануваш и повторно се од почеток – порачува Соња Лубомирски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top