| четврток, 6 декември 2018 |

Еврогрупата побара ревизијата со Грција да заврши во декември

61ec1bd9fb33fe9dda14ab4b4f043276Работната група на Еврогрупата истакна дека тројката меѓународни кредитори и грчката Влада треба напорно да работат за да ја завршат ревизијата до крајот на декември.

Претставниците на министрите за финансии од Еврозоната одржаа состанок на кој разговараа за развојот на настаните во грчката економија и преговорите со тројката , и според извори во грчкото Министерство за финансии, заклучиле дека „има значителен напредок во неколку сектори, но и потреба од понатамошно приближување во други“.

Истите извори рекле дека детално се разговарало за текот на грчката програма и непречена транзиција кон следниот чекор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top