Шаја Лабаф (28) раскажал дека бил силуван од неименувана обожавателка за време на неговиот петдневен перформанс во една галерија во Лос Анџелес.
Шаја тогаш седел во една мала просторија со кеса на главата и молчел, а обожавателите можеле да влезат и да поминат некое време насамо со него.
Тој тврди дека една обожувателка веднаш откако влегла ја соблекла облеката и скокнала врз него, а дека тој „поради перформансот“ морал да молчи.
„Таа ме удираше по нозете. Беше гола, ја искина облеката од мене и ме силуваше. Нејзиното момче чекаше пред врата, не насетувајќи што се случува“.
Глумецот не објаснил зошто не го пријавил силувањето чиј идентитет не го открил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.