Проблематичниот актер Шаја Лабаф гостувал во шоуто на Елен Деџенерис, каде што отворено зборувал за своите проблеми и за проблематичното однесување, за кесата на глава, за плукањето на публиката, за тепачките, за затворот, а потоа покажал дека, иако е малку проблематичен, е човек со големо срце.
Што се однесувало до „полунервниот слом“, како што го нарекол Шаја, тој преживувал егзистенцијална криза.
– Направив неколку грешки, но и нешто научив. Затворот ме спаси – изјавил глумецот, а потоа додал дека сега многу тренира, а најмногу од сѐ сака да трча.
Елен Деџенерис му дала подарок од спонзорите, кој доколку го облече и се слика, тоа ќе значи донација од 10.000 долари за борбата против ракот.
Шаја Лабаф се прошетал по градот облечен во розови хеланки, а откачениот изглед и причината поради која се облекол така се за пофалба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



