| четврток, 6 декември 2018 |

Сталин крвав тиранин, но и татко на Украина

0000246727-article2

Пред осум години, на 28 ноември 2006 година, украинскиот парламент официјално го призна гладот ​​од 1931-33 година, поради кој умираат меѓу 5 и 7 милиони советски граѓани, во времето на Сталин. За геноцидот, пишува историчарот Стивен Коткин, во статија во „Њујорк тајмс“.

Минатата сабота претседателот Петро Порошенко, во друштво на неговата сопруга и неколку функционери, положи тегла со житни семиња во близина на реката Днепар во Киев , за да ја одбележи годишнината.

Управувањето на Сталин со право е поврзано со двете најжасни епизоди во историјата на Украина: гладот ​​и масовните егзекуции на украински интелектуалци и политички фигури од 1937-39 година. И двете трагедии постојано се споменуваат, откако рускиот претседател Владимир Путин, си го прибра Крим и испрати војници во источна Украина, забележува „Њујорк тајмс“.

сталин

Но има еден потценет аспект во оваа заплеткана приказна: управувањето на Сталин станува сведок на формирањето на силно украинско национално самосознавање. Да, тој беше крвав тиранин, но стана истовремено и татко на Украина.

Руската анексија на Крим, ја направи Украина уште повеќе украинска од етнички аспект и придонесе за тоа да биде избрано првото проевропско парламентарно мнозинство во Киев.

Владимир Путин не може едноставно да ја проголта Украина, тоа веќе не е „Новорусија“. И за разлика од Сталин, всушност токму поради Сталин,  Путин неможе да ја внесе Украина назад во нов „евроазиски“ сојуз со Русија.

Украинците немаат топли чувства за Сталиновата диктатура, но нивната борба за државност се должи во голема мера на неговото наследство, забележува Коткин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top