Кинески милионер ги урнал дрвените колиби на улицата на која израснал и изградил луксузни домови за сите.
Ксионг Шуиха е роден во село Ксионкенг, јужна Кина. Додека растел неговото семејство секогаш ја уживало поддршката на сите соседи и кога тој се збогатил решил да ѝ се заблагодари на заедницата во која израснал.
54-годишниот бизнисмен од сферата на челична индустрија, испратил булдожери да ги урнат сите куќи на неговата улица и изградил нови целосно бесплатно. Вкупно 72 семејства добиле нови станови. Осумнаесет семејства кои биле особено блиски со семејството на милионерот, добиле многу луксузни вили.
Милионерот дури организирал кујна со бесплатни три оброци на ден за возрасните и социјалнозагрозените.
– Заработив повеќе пари отколку што можам да потрошам – вели тој. Секогаш си ги плаќам долговите и затоа сакав да им се оддолжам и на оние кои биле добри со мене кога сум бил мал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






