Папата Фрациск денеска пристига во тридневна посета на Турција. Посетата се дефинира како историска бидејќи тој ќе биде само четвртиот главатар на римокатоличката црква, кој ја посетува муслиманска Турција.
Папата во Анкара ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Ердоган, и со премиерот Ахмет Давутоглу.
Во Истанбул, папата Франциск ќе се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Двајцата се очекува да потпишат заедничка декларација за приближување на православните и на католиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



