Руските научници развиваат апче со новооткриен антиоксиданс, кој ќе ни го продолжи животот до 120 години, пишува во „Московски комсомолец“. Тоа е дело на тимот на академик Максим Скулачев од Московскиот државен универзитет. Во моментов тоа се тестира врз стаорци, глувци, риби и кучиња и дава одлични резултати.
Новооткриен антиоксиданс влијае на митохондриите. Тоа се деловите на клетките, одговорни за производство на енергија. Токму тие го предизвикуваат процесот на стареење. Со митохондриите се поврзуваат случаите на инфаркт, Алцхајмерова болест и Паркинсоновата. Според д- р Скулачев, новата таблета ќе може да ја одложи староста и тоа веќе е технички изводливо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



