Лесно е кога учите од велемајстори во спортот, а Дражен Петровиќ е еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката, според Реџи Милер и најдобар. Хрватот, за жал, прерано замина од овој свет по сообраќајната несреќа во Германија во која го загуби животот, а неговите дела во НБА ги прдолжува Стефон Кари.
Играчот на Голден стејт вориорс важи за еден од најдобрите реализатори во најсилната кошаркарска лига на планетата, а оваа фотографија открива дека како мал имал од кого да учи.
Погледнете како „клинецот“ Кари седнат во скут на својот татко Дел Кари, кој беше одличен кошаркар во НБА-лигата, го следи шутерското шоу на Дражен на Олстар-викендот. Во тој период Петровиќ беше член на Њу Џерси нетс и еден од најефикасните играчи во НБА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



