| четврток, 6 декември 2018 |

Нови имиња на црниот список на ЕУ

stopЕУ денеска додаде 13 физички и пет правни лица, главно учесници во организирањето на сепаратистичките избори во Донбас, на црниот список со санкции поради кризата во Украина, соопштија дипломатски извори во Брисел.

Одлуката е донесена на седница на постојаните претставници од земјите-членки на Унијата. Таа претставува одговор на одржувањето на претседателски и парламентарни избори во самопрогласените „Донецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“, со што според ЕУ е прекршен договорот од Минск за прекин на огнот.

Имињата на санкционираните физички и правни лица ќе бидат познати в сабота, откако ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top