Поранешниот косовски министер за надворешни работи Скендер Хисени, инаку член на претседателството на Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа, би можел да биде новиот шеф на косовската делегација во дијалогот меѓу Белград и Приштина, пишува весникот „Експрес“.
Извори на весникот наведуваат дека Хисени, кој беше шеф на дипломатијата во периодот од 2008 до 2010 година, ќе ја замени Едита Тахири во техничките разговори и нема да биде министер во новата косовска Влада.
„Експрес“ објави и дека Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово се согласиле Хисени да го води техничкиот дијалог со Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Тачи го претставил својот план за договор со Србија пред амбасадорите во Приштина


