| четврток, 6 декември 2018 |

Пресилни санкции кон Русија се опасност

Munich Security CenferenceШефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер предупреди на опасноста од заострување на економските санкции спрема Русија и наведе дека не би требало цел да биде Русија привремено „да биде фрлена на колена“.

– Дали нашата смисла и нашата цел е Русија економски да се собори на под? Мојот недвосмислен одговор е – не. Не, тоа не е и не смее да биде смисла на санкциите, изјави Штајнмаер.

Тој додаде дека економски уништена Русија нема да може да даде свој прилог кон европската безбедност.

– Мора да бидеме свесни дека една изолирана Русија која економски можеби е пред колапс, нема да може да даде прилог за европската безбедност ниту стабилизација на Украина, туку може да биде поголема опасност за себе и за другите, нагласи Штајнмаер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top