Лидерот на српските радикали Воислав Шешељ денеска изјави дека е многу горд на резолуцијата на хрватскиот Сабор и дека ќе биде уште позадоволен кога Европскиот парламент ќе усвои резолуција „против него и неговата
политичка активност“, додавајќи дека српските власти ќе мора на сила да го вратат во Хаг.
Во меѓувреме, во ЕП во Стразбур е усвоена резолуција за Шешељ, со која Хашкиот трибунал се повикува да ги преразгледа условите за негово ослободување, а српските власти да се оградат од неговите изјави.
Шешељ на прес-конференција во Белград повтори дека сигурно нема доброволно да се јави на евентуалниот повик на Трибуналот за враќање во притвор.
Можно е Томислав Николиќ и Александар Вучиќ да одлучат на сила да ме екстрадираат. Во тој случај ќе мораат да ме уапсат и да водат судска постапка која трае најмалку 14 дена. Јас сум среќен поради тоа што моите главни соучесници во сите евентуални воени злосторства и злосторства против човештвото ме апасат и испорачуват во Хаг. Што би можел човек да посака повеќе од ова, нагласи Шешељ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.