Машкиот хор „Мирче Ацев“ в петок, на 28 ноември, ќе настапи на сцената заедно со Тони Цетински. На барање на хрватскиот пејач, освен детскиот хор „Златно славејче“, ќе се појави и академскиот хор „Мирче Ацев“. Повеќе од 30 хористи ќе настапат заедно со Тони Цетински, но и самостојно за да дадат еден поинаков тек на концертот.
Почетокот на концертот е закажан за 21 часот. Влезници и денес можете да најдете на стандардните продажни места по цена од: партер стоење – 500 денари, трибина – 600 денари, фан пит – 700 денари и ВИП – 1200. Резервации на телефон: 072 680803.
Покрај детскиот и машкиот хор, Цетински на сцена ќе го придружува и неговиот долгогодишен пријател и соработник, српскиот колега Жељко Јоксимовиќ. На репертоарпот ќе се најде и заедничката „Заблуда“ со која веќе ја одушевија публиката на концертот во Нови Сад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.