| четврток, 6 декември 2018 |

Раскинување на спасувачката спогодба меѓу Грција и меѓународните кредитори

budzet_grcijaСпасувачката спогодба меѓу Грција и нејзините меѓународни кредитори веројатно ќе биде раскината за неколку дена или недели, од технички причини, изјави грчкиот вицепремиер Евангелос Венизелос по денешната средба со премиерот Андонис Самарас.

– Спогодбата завршува на 31 декември, а целта ѝ е последната транша од кредитите за Грција да биде исплатена до 31 декември. Доколку од технички причини дотогаш не бидат финализирани некои процедури може да дојде до раскинување на спогодбата, но не и новата спогодба со кредиторите, бидејќи новата програма со нив ќе значи нов заем, а тоа не може да се случи – рече Венизелос.

Весникот „Волстрит џурнал“ тврди дека ММФ и Германија биле расположени да прифатат шестмесечно раскинување на спасувачката спогодба со Грција, но за тоа да се случи, според весникот, грчката Влада треба тоа официјално да го побара до крајот на следната недела, за да можат националните парламенти на земјите од еврозоната да го одобрат раскинувањето пред bожикните празници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top