| четврток, 6 декември 2018 |

Израел открил терористичка мрежа на Хамас

Al Quds brigades pose in GazaИзраелската служба за безбедност Шин Бет соопшти дека на Западниот Брег открила терористичка мрежа на Хамас, која планирала напади врз Израелци во Ерусалим.

Уапсени се над 30 борци на исламистичката група. Тие планирале напади врз градската железница и најголемиот фудбалски стадион во градот.

Борците на Хамас биле обучени во Јордан и во Турција, според соопштението на Шин Бет.

Исламистичката организација Хамас управува во Појасот Газа, а Западниот Брег се раководи од палестинскиот претседател Махмуд Абас, признаен од Западот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top